Црна хроника
Тешко повредена 82-годишна жена во Скопје, во неа со автомобил удрил 26-годишник
82-годишна жена има тешки телесни повреди откога во неа со возило удрил 26-годишник. Несреќата се случи вчера напладне во Скопје.
„Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Зеф Љуш Марку во Скопје, патничко возило ’форд ка’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(26) од Скопје, удрило во А.М.(82) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М., констатирани во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски’ во Скопје“, соопшти Министерствот за внатрешни работи.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Куманово, приведено едно лице
Вчера во 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 35-годишниот З.П. од Куманово, извести МВР.
При преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, а потоа при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени монети и други метални предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 265 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
З.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувачници
Вчера, во 18.30 часот, во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит-пазар при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот С. А. од Тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела разбојништво во обложувачници и помали трговски објекти на територија на Скопје заканувајќи се со скалпел, извести МВР.
При преглед кај него се пронајдени скалпел и пари што потекнуваат од кривичните дела. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С. А. ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.
Црна хроника
Во Кочани три лица оштетиле возило и нападнале жена
Вчера во Полициската станица Кочани, Б.С. од Кочани пријавил дека околу 18.10 часот, Б.Ѓ., М.Н. и уште едно лице, дошле пред неговата куќа и фрлале тврди предмети, при што го оштетиле неговото возило, а Б.Ѓ. влегол во дворот и ја нападнал неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.