Контакт

Црна хроника

Тешко повреден битолчанец кој со автомобил излетал од патот

Објавено пред

Педесетиосумгодишен битолчанец синоќа на патот за с.Егри-битолско, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Црна хроника

Две лица под истрага за разбојништво во заложна куќа

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека вчера извршиле кривично дело разбојништво.

„Лицата на возраст од 23 и 22 години, по претходен договор, заедно влегле во објект на заложната куќа ‘Астра кредити’, на улицата Лондонска во Скопје и со закана кон еден вработен дека непосредно ќе нападнат врз неговиот живот, одзеле парични средства. Едниот осомничен, држејќи пиштол Pietro Bereta во раката, побарал од оштетениот да го отвори сефот и да ги извади парите. Оштетениот постапил по ваквата наредба, го отворил сефот и му дал 120.000 денари. По ова, вториот осомничен самиот се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.000 денари, кои се наоѓале внатре. Двајцата осомничени потоа го напуштиле местото со мотор, кој бил паркиран во близина на заложната куќа“, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Отворена истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана и амфетамин

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„Кај 20-годишниот скопјанец, на 18 септември полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана во тежина од 1,96 грам, 89 таблети во светлозелена боја и неправилна форма со активна компонента психотропна супстанција амфетамин, две таблети спакувани во зипер-кесичка, како и прашеста материја свиткана во парче тоалетна хартија со тежина од 0,31 грама. Дополнително, при претрес во неговиот дом била пронајдена бела грутчеста материја со вкупна тежина од 12,71 грама за која со испитување било утврдено дека исто така претставува психотропна супстанција – амфетамин, стимуланс на централниот нервен систем, кој е класифициран во Националната листа I на контролирани психотропни супстанции“, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и на опасност осомничениот да го повтори кривичното дело, особено затоа што се работи за лице претходно осудувано за исто кривично дело, но и за дело загрозување на сигурноста, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Обвинение за поранешниот директор и тројца вработени од Централниот регистар

Објавено пред

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против порнешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреја Поповски, за злоупотреба на службената положба и овластувањето, а против тројца вработени за кривично дело помагање.

„Во периодот од 16 декември 2014 година до 29 мај 2017 година првообвинетиот во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи иако таа воопшто не доаѓала на работа, туку била ангажирана за партиски активности на една политичка партија“, соопштуваат од ОЈО.

Останатите тројца обвинети – раководителка и две советнички од одделението за човечки ресурси на Централниот регистар, се обвинети дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.

На овој начин му била нанесена штета на буџетот на институцијата во износ од 824.837 денари по основ на исплатени плати, а за вработената била прибавена корист и на штета на Фондот за здравствено осигурување во износ од 344.283 денари. Со ова вкупниот износ на нанесената штета изнесува 1.169.120 денари.

За четирите обвинети лица во сила се мерки на претпазливост претходно определени од Основниот кривичен суд Скопје, а на првообвинетиот во текот на кривичната постапка му е определена и гаранција во износ неколкупати повисок од штетата за која се товари.

Во овој предмет, како што денеска соопшти Јавното обвинителство, донесена е и наредба за запирање на истражната постапка против едно лице – раководител на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје бидејќи во текот на истрагата не беа утврдени докази дека со умисла сакал да му помогне на првоосомничениот да ги прикрие дејствата на злоупотреба.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ5 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија6 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија6 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет6 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет8 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет8 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет8 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа20 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет22 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија1 ден

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион1 ден

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Досие