Црна хроника
Тешко повреден кавадарчанец во сообраќајка меѓу две возила на патот кон Неготино
Вчера во 16.20 часот на регионалниот пат Р1-103, во правец од с.Марена кон Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.Н.(32) од с.Дреново, кавадаречко и товарно возило „ман“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(27) од Неготино.
Во несреќата С.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во медицинска установа.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученичка нападната во основно училиште во Скопје, нејзин соученик снимал со мобилен телефон
Ученичка била нападната во основно училиште во Скопје, а нејзин соученик снимал со мобилен телефон.
Според информациите на МВР, вчера М.Д.(52) од Скопје пријави дека на 08 мај околу 12:00 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник.
Известени биле стручните служби во училиштето, а по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
фото/Depositphotos/илустрација
Црна хроника
Напад во училиште во Скопје: 15-годишник со остар предмет повредил ученик
Петнаесетгодишен малолетник нападнал ученик со остар предмет во основно училиште на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите на МВР, вчера, полициски службеници од СВР Скопје уапсија 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето.
Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец ограбен додека бил во неговиот автомобил, крадецот ја отворил совозачката врата
Скопјанец бил ограбен додека бил во неговиот автомобил, крадецот ја отворил совозачката врата.
Според информациите на МВР, 11 мај, во 01:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(41) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот, додека бил во неговото возило, едно лице од совозачката страна ја отворило вратата и му одзело чанта со пари, банкарски картички, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
