Црна хроника
Тешко повреден малолетник во Сарај кога моторно возило удрило во него

Вчера, во 11.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во с. Кондово, општина Сарај, патничко моторно возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. Ф. (52) од с. Радуша, општина Сарај, удрило во малолетник од с. Кондово.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Му се слошило додека пешачел и починал

Полицијата информира дека на 02.07.2022 околу 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека В.С.(54) од Скопје, додека пешачел во с.Вртекица, скопско, му се слошило и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Црна хроника
Го зел возилото да го проба пред да го купи, па побегнал со него

Во полицискиот билтен МВР сподели информација дека на 02.07.2022 во 19.30 часот во СВР Велес, жена од Велес пријавила дека била измамена од А.Ј. од Штип за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, тие се договориле А.Ј. да го купи нејзиното возило „фиат“ за сума од 3.000 евра и откако дошол во Велес го зел да го проба и оттогаш не се вратил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведени осуммина на фестивал во Дојран, кај нив е најдена марихуана

Полицијата информира дека во периодот од 19.30 до 23.20 часот на 02.07.2022, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.М.(22) и Б.Ш.(23), двајцата од Кавадарци, С.Б.(18), К.Г.(19), А.С.(24) и А.С.(18), сите од Скопје, Д.А.(22) од Штип и Е.Ј.(40) од Радовиш.
При преглед кај лицата била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.