Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист, изгубил контрола и паднал на коловозот

57-годишно лице од Скопје било потешко повредено кога, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопшти полицијата.
Имено, вчера, околу 11.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Ангел Динев и улицата Војвода Васил Чакаларов, З. Ј. (57) од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина 24-годишен градежник од Кичево

Ј. Е. (24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор, сопственост на Н. Г. (69) од селото Србица, паднал и добил тешки телесни повреди по што починал во болницата во Тетово.
Увид бил извршен и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот му било дадено на семејството, соопшти МВР.
Црна хроника
Бик го усмртил својот сопственик на сточниот пазар во Гостивар

Жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.
Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С. од гостиварското село Врбен.
Пензионерот се обидел да го наведе животното да се симне од приколката на камионот, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад”, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош, но тој им подлегнал на повредите.
Црна хроника
Прегазил пешак и побегнал, полицијата го пронашла

На 7.7.2022 околу 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул. Јордан Мијалков и ул. Македонија, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје.
По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен.
По несреќата, С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.