Контакт

Црна хроника

Тешко повреден полицаец, по грешка пукал од својот пиштол

Објавено пред

Полицаец од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил. Инцидентот се случил вчераутро на паркинг пред угостителски објект на улицата Македонска фаланга во Битола.

Повредениот веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле контатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. За настанот се запознаени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Македонија

Тетовци се забавувале и запалиле оган среде улица за време на полициски час

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривични пријави против Л.Ј.(35), У.С.(23), М.Ф.(30), А.П.(26), Ф.С.(51), Ф.С.(45), Ј.П.(33), Ј.С.(31), А.И.(30), сите од селото Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од полицијата информираат дека тие за време на полициски час се забавувале и запалиле оган на улица на главниот пат с.Слатино – Тетово.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Таксист во Тетово нападнат по расправија за првенство на минување

Објавено пред

Четириесет и седумгодишен тетовец во полицијата пријавил дека бил физички нападнат од едно лице.

Според пријавеното, додека бил на работа како такси возач, на регионалниот пат Тетово-Желино, пред седиштето на такси компанијата, лицето физички го нападнало, откако претходно го следело со возилото од кружниот тек од булевар „Маршал Тито“ и булевар „Видое Смилевски Бато“, каде што имале недоразбирање околу првенство на минување.

Исто така, според пријавеното, лицето извадило и пиштол и му се заканило на таксистот, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Застрелан Авганистанец бил пронајден покрај патот кај Табановце

Објавено пред

Вчера во полицијата било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Табановце имало лице кое лежи покрај патот.

Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата.

Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија4 минути

Парична помош за оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците кои поради коронакризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до...

Регион33 минути

Кипар ќе ги плати трошоците за одмор на сите туристи кои ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе остане позитивен на коронавирус...

Македонија14 часа

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови...

Македонија15 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа15 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа19 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион19 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија19 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија20 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија21 час

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија21 час

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија21 час

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија23 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет23 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет24 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Досие