Црна хроника
Тешко повреден скопјанец во сообраќајна несреќа меѓу мопед и товарно возило

21-годишен скопјанец бил тешко повреден откако со мопедот кој го управувал учествувал во сообраќајна несреќа со товарно возило.
Според полицијата вчера во 08,00 часот на бул. Јане Сандански во Скопје пред спортска обложувалница пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(21) од Скопје, и товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(42) од Скопје.
А.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, а на сопатничката од товарното моторно возило А.Т.(22) од Скопје и се констатирани повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени крадци во Битола, украле машка чанта со пари и документи

Денеска (16.8.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола, лишени се од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34), постапувајќи по пријава од 2:30 часот од страна на 46-годишен државјанин на БиХ, со привремен престој во Битола, според која на 15.8.2022 околу 21:30 часот од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари.
Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавителот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик.
Црна хроника
150 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.8.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат.
Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа помеѓу Србин и Босанец кај Петровец, едно лице заврши со тешки повреди во болница

Вчера на автопатот Пријателство, во близина на клучка Петровец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6“, со српска национална ознака, управувано од М.Н. од Р. Србија и мотоцикл „хонда“ со национална ознака на БиХ, управуван од В.М.(38) од БиХ.
Во несреќата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.