Црна хроника
Три возила се судрија на патот Струмица-Радовиш, повредени се пет лица
Пет лица се здобија со повреди во сообраќајка што се случи вчера на патот Струмица-Радовиш кај „Василевска крстосница“.
Во несреќата учествуваа патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Штип, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(75) од село Раклиш, радовишко и патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано на Т.Г.(28) од село Иловица, општина Босилово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Ф.(60) од Штип, од возилото „опел корса“, а со телесни повреди се здобиле возачите В.С. и М.Џ. и уште двајца сопатници од возилото „опел корса“ К.Ф.(66) и Л.С.(55), двајцата од Штип, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, информираа од МВР.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле
ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
„На 6.9.2024 во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети. Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување“, извести МВР.