Контакт

Топ

Три деца изгореа во пожар во Велес

Објавено пред

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес.

Куќата се наоѓа во шума на непристапен терен, а според првичните информации пожарот го пријавиле соседите кои живееле на околу 100 метри од куќата.

Се уште не се познати причините за избувнувањето на огнот.

Македонија

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали се разговара за некаква амнестија со оглед на тоа што Заев ја спомна во неговата изјава по средбата, рече дека станува збор за манипулација.

„Тоа е уште еден груб обид да се манипулира јавноста и токму на тоа апелирав. Не треба нашите лични слабости да ги криеме со реченици што имаат единствена цел да го свртат вниманието. Треба да останеме чесни и принципиелни. Оставаме процесот да се развива, па ќе разговараме за деталите“, одговори Мицкоски.

Заев, пак, претходно не одговори на новинарско прашање дали опозицијата бара амнестија во замена за прифаќање на ставовите на власта за изборот на ДИК и за организирањето референдум.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Објавено пред

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање што вчера го соопшти премиерот Зоран Заев и додаде дека не го разгледале ниту во партијата.

„Мојот впечаток не се темели на чувства, туку на вистинските заложби на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се вистинските европски вредности и принципи. Доколку се стремиме кон вистински европски принципи, така треба и да се однесуваме и не само декларативно да ги соопштуваме. Тоа подразбира почитување на законите и Уставот и да превенираме каков било обид да се изигра волјата на граѓаните, односно да се поставуваат повеќесмилени прашања за круцијални теми“, рече Мицкоски по лидерската средба.

Тој кажа дека е оптимист и дека за некои од темите има приближување во ставовите, а за некои не. „Се договоривме в недела навечер или понеделник наутро да ги продолжиме разговорите во овој формат“, рече Мицкоски, без да открие детали од средбата на која учествуваа и премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и Билал Касами од опозициската Беса.

Средбата во овој формат се одржува по барање на Мицкоски, кој синоќа побара новата средба да биде со четворицата лидери на најголемите партии, а не во проширен состав.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Објавено пред

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната средба да биде постигнато решение за Државната изборна комисија.

„Стратешка цел на нашата земја и на сите партии во Собранието е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Компромиси нема за стратешките цели. Амнестија директна или индиректна – нема. Ќе му дадеме шанса на дијалогот сè додека е возможно. Секако, притоа парламентот продолжува да работи и измените на Изборниот законик продолжуваат на комисиите“, изјави Заев по лидерската средба, која траеше четири часа.

Тој рече дека деновите до референдумот се изброени. На новинарско прашање за кои прашања е постигнат договор и кои разлики останале, не сакаше да одговори.

„Заклучив дека можеби ќе направам грешка ако зборувам за заклучоците и суштините. Тоа би нанело штета, така што има прашања што лесно се договраат и прашања што не се договараат лесно. Процесот е во броени денови. Сите сме свесни дека се броени деновите за референдумот по што ќе има уставни измени“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија56 минути

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија1 час

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија2 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија2 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ2 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ2 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија4 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија4 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија5 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија6 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија6 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија7 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион8 часа

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет8 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа8 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија19 часа

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски ја напушти лидерската средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по еден час, ја напушти лидерската средба. Тој изрази револт за предлогот на Владата за...

Досие