Црна хроника
Три лица искасани од кучиња, слуачите се во Скопје, Тетово, Кичево

Три случаи на лица каснати од кучиња се пријавени во полиција во текот на изминатиот ден. Сите, во различни градови.
„Вчера во 19.20 часот во Полициската станица Чаир, П.С.(70) од Скопје пријавила дека на ул.„Радишанска“ била касната од куче скитник. Во 13.15 часот во СВР Тетово, Л.С.(35) од тетовски Челопек пријавила дека на улица „Вукашин Симовски“ во Тетово била касната од куче скитник. Во 12.30 часот, Д.Ј.(76) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Покрај опожарено возило, пронајдена регистарска табличка на автомобил кој му припаѓа на исчезнат велешанец

Вчера било пријавено дека во 15.40 часот во село Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило, извести МВР.
„До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес, за кој на 24.11.2023 во СВР Велес беше пријавено дека се оддалечил од домот“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
72-годишна скопјанка нападната од нејзината сосетка во центарот на градот

Вчера вечер, во 23.00 часот во СВР Скопје, 72-годишната С.Т. од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината сосетка С.Т., извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривични против неколку лица од Прилеп и едно од Крушево, на семејна веселба пукале со огнено оружје

СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.И.(28), А.И.(27), Р.И.(23), Х.Б.(26), С.А.(74), Е.И.(30), А.Т.(42), А.Р.(19), С.Р.(44), А.Р., сите од Прилеп и А.А.(46) од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, извести МВР.
– На 19.08.2023 на семејна веселба во двор од семејна куќа во село Дебреште, сопственост на Е.И., пријавените пукале од огнено оружје, додадоа од МВР.