Црна хроника
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Гевгелија-Богданци
Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во петок попладне на патот Гевгелија-Богданци.
Во несреќата учествувале „ауди“ управувано од Б.Џ. (1997) од Богданци и „форд фиеста“, управувана од Љ.П (1977) од Кавадарци.. На местото на настанот загинале М.Ш. (1997) и К.П. (2000) од Богданци кои се наоѓале во аудито, додека подоцна во болницата во Гевгелија починал и Б.Џ., возачот на аудито, исто така од Богданци.
Возачот на „фордот“ со тешки повреди е префрлен во болницата во Кавадарци.
Причините за несреќата се утврдуваат. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
