Црна хроника
Тројца дилери фатени додека продавале дрога во Градскиот парк

Полицијата приведе тројца дилери, кои синоќа продавале марихуана во Градскиот парк во Скопје.
„При извршен претрес кај лицата А. Р. (23), А. О. (21) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје, пронајдена е поголема количина марихуана, како и една дробилка“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца повредени во судир на две возила на „Партизанска“

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на булеварот Партизански одреди во Скопје помеѓу полициско возило „ауди 4“ и „хјундаи“.
Во незгодата повредени се двајцата возачи – М. М. (30) и Д. С. (46) и совозачот на полициското возило З. Т. (52), сите тројца од Скопје.
Извршен е увид.
Црна хроника
Од затвор подигале брзи кредити со лични податоци од друг затвореник

Двајца затвореници додека биле во затворот во Штип измамиле друг затвореник од Охрид, со чии податоци подигнале брзи кредити.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П. С. (30) од Штип и П. Т. (41) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама. Пријавените во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор – Штип“, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи.
Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник. На овој начин пријавените стекнале противправна имотна корист од 100.000 денари.
Црна хроника
Охриѓанец измамен на „Фејсбук“ – платил 4.500 евра за да добие наследство

Охриѓанец бил измамен на „Фејсбук“ да уплати пари за да добие наследство за што требало да разговара со адвокат од Франција. 53-годишникот, кога сфатил дека е измамен, го пријавил случајот во МВР.
Тој рекол дека на 1 март преку порака што ја добил од друг профил бил известен дека е добитник на наследство поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција.
Како што е пријавено, притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за да му биде префрлено на неговата трансакциска сметка по што во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра, како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?