Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

На автопатот Гостивар-Тетово вчера во непосредна близина на наплатната станица Тетово, И.А. (59) од Тетово управувајќи патничко возило „фолксфаген пасат“ со хрватски национални ознаки изгубил контрола над возилото, кое удрило во бетонски sид и се превртело.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.Б. (62) од Тетово, додека И.А. и деветгодишна сопатничка се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде што им била укажана помош.
А.Б. била задржана на лекување, додека И.А. и малолетничката биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник осомничен за тешка кражба, приведен во центарот на Скопје

Вчера во 17.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по Кривичниот законик во објект на ул.„Македонија“.
Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, информира МВР.
Црна хроника
Велосипедист во Охрид тешко повреден по удар од автомобил

Вчера во 10.50 часот на крстосницата од бул. Туристичка со ул. Аџи Мустафа во Охрид патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид.
Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
За настанот, како што соопшти полицијата бил известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден откако бил удрен од автомобил во тетовско

Малолетен пешак од Мала Речица-тетовско, бил тешко повреден откако во него удрило патничко возило, соопшти полицијата.
Имено вчера во 13.00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок во с. М.Речица-тетовско, патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(36) од с. Г.Речица-тетовско удрило во малолетен пешак од с. М.Речица, кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, информира МВР.