Црна хроника
Тројца турски државјани обвинети за фалсификат ПЦР-тестови

Против тројца државјани на Република Турција поднесено е обвинение за фалсификување исправа според Кривичниот законик, информираат од скопското Јавно обвинителство.
Обвинетите, на пасошка контрола при излез од државата, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром „Скопје“, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови на SARS-CoV-2, кои наводно биле издадени од една лабораторија во Скопје.
Потврдите ги прикажувале како вистински иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведената лабораторија и дека не поседуваат серитфикат за негативен ПЦР-тест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.