Црна хроника
Двајца уапсени во Гостивар, ограбиле 58-годишник

Вчеравечер, во 19.15 часот, на улицата ЈНА во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од Тетово, а во 22.40 часот го лишиле од слобода и 18-годишниот Б. А. од тетовско Селце, извести СВР Тетово.
„Двајцата се сомничат дека околу 18.30 часот на улицата Мајор Чеде Филиповски во Гостивар на 58-годишен гостиварец му одзеле пари и побегнале. По преземени мерки, малолетникот набргу бил фатен, а подоцна и Б. А.“, соопшти СВР Тетово.
Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукање во центарот на Куманово

Пукање имало попладнево во центарот на Куманово, потврди кумановската полиција.
Според привичните информации, во пукањето едно лице се здобило со повреди на нозете.
Полицијата најави повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Кривична за кратовчанка: нејзиното куче каснало дете на улица

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од селото Крилатица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената, на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото“, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза.
„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.