Црна хроника
Уапсени двајца скопјани за тешка кражба во куќа на „Партизанска“

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден (6 јануари) привела двајца скопјани на возраст од 28-години, со иницијали А.К. и М.К. кои истиот ден во попладневните часови извршиле тешка кражба во куќа на булеварот Партизански одреди.
Веднаш по добиената пријава, преземени биле активности и сторителите биле приведени, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена содветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува на незаконско поминување на наплатна рампа, информираат од МВР.
Како што додаваат од таму, на него се гледа како маж покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“, со гостиварска регистарација.
Вадење легитимација и лабаво по патарина..
ШЕРИФСКИ!👏
🆘️🚨🆘️🚨🆘️🚨 pic.twitter.com/cjdU97UrT8— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 15, 2021
Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него на 18. јануари бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.
Воедно од МВР појаснуваат дека М.З. не е вработен во министерството, како што претходно беше објавено во дел од медиумите.
Црна хроника
Казнети 65 возачи во Сарај, 15 од нив немале дозволи

Полицијата во текот на вчерашниот ден (19 јануари) продолжила со засилените сообраќајни контроли, а мерки биле преземени и на територијата на скопски Сарај, информираат од МВР.
Од таму додаваат дека во Сарај изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 9 санкции за користење мобилен телефон.
Од МВР нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Затвореник организирал внесување на дрога

Затореник во КПУ Штип со друго лице договорил набавка на марихуана и таблетки „бупренорфин“ и организирал внесување на пакет наманет за друго лице.
Тоа се случило на 09.06.2020 година, додека пријавениот бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Штип. При преглед на пакетот дрогата и таблетите биле пронајдени и одземени.
СВР Штип поднесе кривична пријавa против С.С.(35) од Куманово, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира