Црна хроника
Уапсени крадци во Скопје, краделе во црква во Сопиште
Полицијата уапси двајца крадци од Скопје кои краделе во црква во Сопиште.
Според информациите на МВР, полицијата ги уапси Р.Д.(30) и М.Ј. (39), двајцата од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба“.
На 19.05.2025 во СВР Скопје е пријавено дека од црквата „Св. Спас” во Сопиште, скопско, биле одземени предмети.
„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје и сторителите се откриени и лишени од слобода на територија на Шуто Оризари. Тие во службен разговор го признаа кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на црквата. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
