Средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ.
Топ
Уапсени 11 жени во угостителски објект во Тетово, има сомнение дека се вмешани во трговија со луѓе

Денеска, околу 3.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Желино, сопственост на 49-годишниот З. С. од ова село.
При контролата биле затекнати и лишени од слобода 11 женски лица (6 странски државјанки – 5 од Република Албанија, 1 од Република Србија и 5 наши државјанки) поради сомнение за нивна инволвираност во кривично дело трговија со луѓе, соопштија надлежните.
По лишувањето од слобода, 11-те женски лица на возраст од 27 до 45 години биле задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени, но рече дека на следниот конгрес ќе поддржи таква идеја. Eден час претходно дел од членовите од „Огнената група“ рекоа дека ќе функционираат како фракција.
-ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Што се однесува до фракционерството, јас таков предлог имав, имам дадено на партиски конгрес, меѓутоа сум изгубил на гласање од мнозинството и јас како демократ почитувам став на мнозинството и не ги напуштам институциите. Согласно тие одлуки на конгресот и статутот на партијата, во ДУИ не се дозволува функционирање во фракции. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско делување, рече Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ рече дека не се зборувало за исклучување на членови од партијата кои се определиле да дејствуваат фракционерски. Тој информираше и дека на седницата образложил пред претседателството за развојот на настаните во земјата и во регионот.
-Со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, наречен уште и како Охридски договор. Договор којшто е важен и за нас и за целиот регион, бидејќи регионот влегува во една состојба на мир, што е особено важно за сите. Со желба овој договор да се почитува и да се имплементира од двете страни, посочи Ахмети.
Топ
По трагедијата во Прага каде почина матурант, професори и студенти се враќаат од екскурзијата во Хрватска

Матурантот од средното училиште „Мате Балоте“ од Пореч во Хрватска, кој загина на матурска екскурзија во Прага, е 17-годишен ученик од приморскиот град Умаг, дознава Јутарњи лист.
На патувањето заминале 87 ученици, матуранти од три паралелки и четворица професори. Тие заминале во четвртокот и требало да останат до утре, но поради целата ситуација која длабоко ги потресла сите, денеска веќе заминале за Пореч, пишува Индекс.хр.
Од истарската полиција наведуваат дека за овој настан биле информирани преку медиумите, но дека немаат никакви детали бидејќи несреќата не се случила на територијата на Истра.
Професорите, учениците и директорот на училиштето Крешимир Брониќ се во шок.
„Не можам да ви кажам ништо за тоа што се случи бидејќи не добивме никаков документ. Не сакам да погодувам ништо. Тоа се случи синоќа помеѓу полноќ и половина и пол часот по полноќ. Не бев сведок и не знам што се случи. Ќе знам повеќе кога ќе го добијам полицискиот извештај“, изјави за Јутарњи.хр директорот на поречкото училиште.
А учениците и нивните професори денеска се враќаат од екскурзија на која требало да останат еден ден подолго. Телото на студентот останало во Прага до завршување на истрагата за несреќата.
„Можам само да замислам како се чувствуваат. Оваа информација ја добив утрово затоа што една студентка која била на екскурзија и се јавила на мајка си. И оттогаш сите сме во шок. Никој не знае што точно се случило, повеќе ќе знаеме во понеделник. Прашање е дали воопшто ќе се одржува настава во понеделник поради овој трагичен настан. Го познавав тоа момче. Тоа е страшна трагедија“, велат од училиштето.
Македонија
Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим Беџети рече дека внатре во ДУИ немале реални можности за дебата и се исцрпени сите можности.
„Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ. Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата“, посочи Беџети.