Црна хроника
Уапсен вработен во фабрика за медицински канабис: на излез обезбедувањето пронашло пакување со кафеава материја

Вчера во 15.55 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода го лишија Ј.П.(41) од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис.
Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, која е пронајдена кај него од работник на обезбедување при излез од фабриката.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведено лице од Пробиштип поради управување возило под дејство на алкохол

Полицијата приведе 21-годишник од Пробиштип поради возење под дејство на алкохол.
„Денеска (15.03.2025) во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип – Кочани, кај с.Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(21) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Беровец од погребално претпријатие пријавен дека во депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, МВР го расчистува случајот

Пред два дена во полицијата во Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општината како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од градските гробишта во Берово.
„Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било извршено пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад.
По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово било дојдено до сознание дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација. Додека, подоцна, по овластување на јавен обвинител, бил извршен увид на гробиштата во селото Смојмирово и на удолницата на јужната страна биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек“, велат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден.
„Амбулантата во моментов се реновираа, а при ископот најдени се коски, слични на човечки“, информираа од МВР.
Коските биле дадени во Институтот за судска медицина за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.