Црна хроника
Уапсен скопјанец баран со потерница за казна затвор од три години и шест месеци
Денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 14:40 часот на територија на општина Гази Баба во Скопје го лишија од слобода 20-годишниот Л.Т. од Скопје, лице барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за казна затвор од три години и шест месеци, за кривично дело во врска со чл.300 ст.2 в.в. член 297 ст.1 од КЗ, извести МВР.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
Вчера во 13.40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(44) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис, предмети исполнети со зелена растителна материја и употребени шприцеви со игли со остатоци од непозната материја.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пронајдена скопјанката која беше пријавена за исчезната
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена 26-годишната И.Е. од Скопје, извести МВР.
На 26.08.2024 нејзиниот татко В.Е.(69) пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Гази Баба, додаваат од МВР.
Црна хроника
Штипјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот
Денеска во 01.30 часот во СВР Штип, 37-годишниот Е.М. од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, 17-годишната Ј.М., извести МВР.
Според пријавеното, најверојатно таа се наоѓа во Велес кај лицето Р.В.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.