Црна хроника
Уапсен скопјанец, кој со возило удрил полицаец, подоцна кај него била пронајдена дрога

Вчера, околу 23 часот, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М. Д. (28) и Д. М., двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, во с. Бразда, Скопско, кое го управувал М. Д., а Д. М. бил сопатник, М. Д. го стартувал возилото и удрил полициски службеник, кој извршувал службени дејства.
Набргу потоа возилото било сопрено на улицата Јадранска магистрала и при преглед кај двете лица била пронајдена прашеста материја.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгубил контрола и паднал: 34-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Радовишко

Во текот на вчерашниот ден, во 17 часот, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310 во село Раклиш, С. С. (34) од село Раклиш, управувајќи мотоцикл „хамачи“, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил С. С.., констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Црна хроника
Приведени двајца крадци од Липковско

Во текот на вчерашниот ден, во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А. С. (18) и Н. М. (19), двајцата од село Слупчане, Липковско.
Тие се сомничат дека на 28.2.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети.
А. С. и Н. М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Црна хроника
Фатени крадци во Битола, краделе од куќи, автомобили и спортска обложувачница

Полицијата приведе тројца крадци во Битола и расчисти пет кривични дела.
„На 19.3.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, ги лишиле од слобода Д. О. (37) и А. А. (35), двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А. М. (27) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувачница, од каде што одзеле разни предмети и пари“, велат од МВР.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе следува соодветна пријава.