Црна хроника
Уапсен 25-годишен струмичанец, расчистени четири кражби

25-годишен струмичанец е уапсен, а полицијата го сомничи за четири кражби на подрачјето на Струмица.
Имено, вчера, во 14 часот во с. Куклиш, Струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г. П. (25) од с. Ангелци, Струмичко.
Тој се сомничи дека извршил три кривични дела тешка кражба на дрзок начин и едно кривично дело кражба на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по негово документирање, против Г. П. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Три лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Три лица се каснати од кучиња скитници во Скопје.
На 29.5.2023, во 22.56 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, С. А. (18) од Скопје пријавил дека на улицата Лука Геров бил каснат од куче скитник.
На 29.5.2023, во 1.30 часот, во Полициската станица Драчево, В. Д. (57) од Скопје пријавила дека на улицата Иван Хаџи Николов била касната од куче скитник.
На 29.5.2023, во 16.15 часот, во Полициската станица Драчево, В. Ѓ. (63) од Скопје пријавил дека на улицата Антон Димитров бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу автомобил и автобус, едно лице тешко повредено

На 29.5.2023, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во с. Маркова Сушица, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д. Д. (23) од Скопје, и автобус „ман“, управуван од Е. Д. (25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот од возилото М. К. (21) од Скопје, а телесни повреди добил возачот Д. Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Битолчанец тешко повреден, возејќи мотор, изгубил контрола и излетал од патот

На 29.5.2023, во 16.50 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицата Партизанска и улицата Крушево во Битола, А. М. (71) од Битола, управувајќи мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добил А. М., констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.