Црна хроника
Уапсен 29-годишник од Прилепско за предизвикување шумски пожар
Вчера во 21.00 часот во село Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 29-годишниот Х.М. од село Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во атар на село Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило на авто-школа удрен, па натепан малолетник
Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто-школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал.
Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Мотоциклист излета од патот и тешко се повреди
Вчера во 13:30 часот во полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Рачна бомба најдена во туристичката населба Отешево
Вчера во 9 часот во полициската станица Ресен, Б.Ѓ. од Ресен пријавил дека на крабрежјето во туристичката населба Отешево, ресенско, пронашол една рачна бомба-кашикара, три артилерски чаури 60 мм и две исправни запалки мм, кои потекнувале од Првата светска војна.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.