Контакт

Црна хроника

Уапсен 69-годишен маж кој злоупотребил малолетничка во дворот на прилепскиот Здравствен дом

Објавено пред

Основното јавно обвинителство од Прилеп гони лице за полов напад кој се случил денеска во претпладневните часови.

Како што информираат од обвинителството, осомничениот бил забележан од вработени во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето. По пријавата, реагирала полицијата и сторителот бил уапсен.

Основното јавно обвинителство Прилеп донело наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот на возраст 69 години, за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, за кое се предвидува затворска казна од најмалку 12 години.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениoт.​

Црна хроника

Возач удрил во велосипедистка во Карпош и избегал

Објавено пред

Непознато лице со автомобил удрило во велосипедистка во Карпош 4 и избегал од местото на несреќата.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 11 и 30 часот на улица Љубљанска.

„Вчера од Градската општа болница ‘8-ми Септември’ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека Р.С.(59) од Зајечар, Република Србија, со привремен престој во Скопје, истиот ден околу 11.30 часот на улица Љубљанска додека со велосипед поминувала на коловоз, била удрена од непознато возило управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Прегазена жена во Аеродром

Објавено пред

Шеесет и деветгодишна жена од Скопје вчера била прегазена во Аеродром.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 14:30 часот на булеварот Јане Сандански во Скопје кога возило „тојота ленд крузер “ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(39) од Скопје, удрило во пешакот Ц.И.(69) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош Ц.И. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а во 18:30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а телото на починатата било дадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Поднесено обвинение против дилер на хероин и кокаин од скопско Сингелиќ

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според обвинението, лицето заради продажба набавило поголемо количество хероин и кокаин, ја однело во својот дом во скопското село Синѓелиќ и ја препакувало во помали количества со намера да ја пушти во продажба.

При извршениот претрес на неговиот дом на 7 март бил пронајден кокаин со вкупна нето-маса од 269,41 грама, како и кокаин со вкупна нето-маса од 90,9 грама. Притоа била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од наркотична дрога.

„Со оглед на тоа што се работи за лице кое досега повеќепати е осудувано, а имајќи го предвид видот и карактерот на кривичното дело, висината на пропишаната казна и начинот на извршување, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор. Затоа до Основниот суд Скопје 1 Скопје заедно со обвинителниот акт е поднесен и предлог за продолжување на притворот, поради опасност обвинетото лице да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае на кривичната постапка“, соопштија од ОЈО Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ45 минути

Прегазена жена во Аеродром

Шеесет и деветгодишна жена од Скопје вчера била прегазена во Аеродром. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу...

Македонија1 час

(Видео) Караџовски на распит во Обвинителството за покачените плати на Судскиот совет

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, пристигна во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тој е повикан на распит...

Свет2 часа

Идентификувани жртвите од масакрот во Нов Зеланд, најмладата имала само 3 години

Идентификувани се сите 50 жртви од терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, соопшти полицијата. Од...

Македонија3 часа

„Пуцко петрол“ на Јаоски го шири бизнисот – отвора бензинска пред „Континентал“

34-годишниот Асмир Јаоски, синoт на градоначалникот на општина Пласница и сопственик на бензинските станици „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, од редовите на ДУИ, гради бензинска...

Европа15 часа

Туск: Можно е кратко одложување на датумот за брегзит, но под еден услов

Лидерите на Европската Унија се спремни да дозволат кратко одложување на датумот за излегување на Велика Британија од Унијата доколку...

Регион17 часа

Караџиќ: Ова нема врска со правдата

Ова нема врска со правдата, е првата реакција на првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој денеска во Хаг...

Регион18 часа

Брамерц: Караџиќ направил ужасни злосторства и уништил цела држава

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изјави...

Македонија19 часа

(Видео) Невладините до власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост

Претставници на граѓанските организации за лица со попреченост и хендикеп го изнесоа револтот од законот за социјална заштита, кој, според...

Македонија19 часа

АВМУ: Вработувањата се итни и неодложни и се во согласност со Изборниот законик

Агенцијата за медиуми потврди дека ангажирала двајца правници по распишувањето на изборите, но тврди дека вработувањата се во согласност со...

Македонија20 часа

Почина 19-годишната девојка, жртва од автобуската несреќа кај Ласкарци

Почина 19-годишната девојка на која ѝ беше ампутирана ногата по автобуската несреќа што се случи на 13 февруари кај селото...

Свет20 часа

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница

Апелациониот суд на ОН му ја зголеми казната на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, на доживотен затвор поради,...

Македонија21 час

(Видео) Пренџов: Јакимовски не е осомничен за криминал и корупција, туку затоа што премногу работел

Љупчо Пренџов од ГРОМ изјави дека претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски, на кој вчера му беше одреден куќен притвор од...

Македонија21 час

(Bидео) Гувернерката одби да говори за судирот на интереси на директорката за супервизија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, не сакаше да даде изјава по завршувањето на промотивниот настан во НРБМ, на кој...

Македонија21 час

(Видео) Џамтоски: Заев вети мораториум за градење и забранет пристап до Али-пашината џамија

Жолта лента за забранет пристап до Али-пашината џамија и мораторум за градење, им ветил премиерот Зоран Заев на претставниците од...

Топ22 часа

(Видео) ДКСК: Нема непотизам во случаите со пратеничката Александрова и градоначалникот на Берово

Два предмета од првите 18 кои антикорупциската комисија ги отвори за можен судир на интереси при вработувањето на роднините на...

Македонија1 ден

Досие „Маѓар телеком“: 7,5 милиони евра за „пријателите од Тетово“ и за страната „А“

Поранешниот министер за транспорт и врски од ДУИ, Џемали Мехази, еден час одговараше на прашања на обвинителката Лиле Стефанова, во...

Свет1 ден

Премиерката на Нов Зеланд повика на глобална антирасистичка борба

Премиерката на Нов Зеланд, Жакинда Ардерн, повика на глобална борба против расистичката идеологија на десното крило, по минатонеделните напади на...

Македонија1 ден

Хазби Лика со најмногу вработени роднини во државните служби

Функционерите ги пријавуваат во антикорупциската комисија роднините кои се вработени во државните служби, како и своите блиски кои имаат свои...

Регион1 ден

Денеска ќе биде изречена второстепената пресуда за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) ќе ја изрече денеска, по три години...

Македонија1 ден

Се запали автомобил во движење кај старата железничка станица

Автомобил од марката „ситроен“ се запали сред улица во близина на старата железничка станица во Скопје. Очевидци за „Макфакс“ раскажуваат...

Досие