Контакт

Топ

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Објавено пред

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, во инцидентот учествувале лица од две возила, при што дошло и до сообраќајна незгода, по што возилата го напуштиле местото на настанот.

„Едното возило се упатило кон улица ‘113’, додека другото заминало во непознат правец“, информираат од МВР. Очевидци изјавиле дека возилото што се упатило кон улица „113“ било „Форд Фиеста“ со тетовски регистарски таблички, кои од извршената проверка се утврдило дека се одјавени и припаѓаат на 19-годишен жител на село Гајре.

При преземените мерки, полицијата на крстосницата меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „107“ пронашла патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на 46-годишен жител на Тетово. „Во возилото било пронајдено едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје“, соопшти МВР.

Во престрелката биле повредени и малолетно девојче од Тетово, кое е задржано на опсервација во Клиничката болница во Тетово, двајца мажи на возраст од 34 и 46 години, кои со тешки повреди се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, како и 60-годишен пешак, кој бил случаен минувач и е пренесен во истата здравствена установа.

„Формиран е тим со кој раководи дежурен јавен обвинител при ОЈО-Тетово, а увидната екипа од СВР Тетово врши комплетен увид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, наведуваат од МВР.

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура13 минути

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...

Македонија20 минути

Приведен вишиот обвинител од Битола, при претресите одземени шест телефони и компјутер

Вишиот јавен обвинител од Битола, против кого Обвинителството поведе постапка поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, е лишен...

Црна хроника33 минути

Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата

Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга. Според информациите на...

Црна хроника36 минути

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во...

Црна хроника42 минути

Тешко повреден возач на електричен тротинет во сообраќајка во Кавадарци

Маж од Кавадрци е тешко повреден во сообраќајка помеѓу автомобил и електричен тротинет. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија45 минути

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне од втората половина на октомври

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информира дека оваа година Светската здравствена организација ги промени сите три соја во препорачаниот состав...

Македонија50 минути

Клековски: Сериите на БСЖ вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти

Министерот за здравство, Сашо Клековски во денешната изјава за мeдиуми, во врска со сериите на БСЖ вакцината ја информира јавноста...

Свет54 минути

Фонтаната во Тел Авив обоена во црвено на тригодишнината од нападот на Хамас

Во Израел се одбележуваат три години од нападот на Хамас и други палестински вооружени групи на 7 октомври 2023 година,...