Топ
Десетмина работници повредени на градилиште во Куманово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи и вешти лица, вршат увид на локација на улиците Васко Карангелевски и АВНОЈ во Куманово, каде што претпладнево при изведување градежни работи беа повредени десет градежни работници.
Според првичните сознанија, осуммина работници во несреќата добиле полесни повреди и се пуштени на домашно лекување, а двајца, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Ургентниот центар на скопските клиники.
По наредба на јавниот обвинител, локацијата е обезбедена и се работи на прибирање и вештачење на сите траги кои може да помогнат за утврдување на причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Њујорк Тајмс: Имаме докази дека Русите убивале затвореници во Буча

Њујорк Тајмс објави нови видеа за кои тврдат дека докажуваат дека руските сили убиле најмалку осум украински затвореници на 4 март во Буча, недалеку од Киев.
Москва постојано ги негираше извештаите за злосторства за време на окупацијата на градот.
„Њујорк тајмс“ додава дека руското министерство за одбрана и за надворешни работи не одговориле на новите барања за коментар на новите снимки.
New evidence — including three videos obtained by The New York Times — shows how Russian paratroopers rounded up and executed at least eight Ukrainian men in Bucha on March 4, a likely war crime. https://t.co/EnA2q943Ds pic.twitter.com/BRMDeGo0u6
— The New York Times (@nytimes) May 19, 2022
Регион
Шарл Мишел денеска доаѓа во Босна и Херцеговина

Мишел доаѓа во Сараево во рамките на посетата на регионот,вчера беше во Србија каде се сретна со претседателот на таа земја Александар Вучиќ, а се очекува да ја посети и Албанија.
Мишел денеска ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ.
„Тие ќе разговараат за патот на БиХ кон ЕУ, 14 клучни приоритети од кои дел се изборните и уставните промени, како и за регионалната стабилност во контекст на променетата геополитичка ситуација. Предвидени се средби со членови на Претседателството на БиХ, како и со партиски лидери“, изјавија за Н1 од Делегацијата на ЕУ.
Претседателот на Европскиот совет би можел да ја искористи оваа посета и за да ја запознае БиХ со идејата за создавање на европска геополитичка заедница која го вклучува Балканот. Тоа го повика претходно при неговото обраќање на седницата на Европскиот економски комитет.
Последниве денови се зборуваше дека Мишел треба да издаде „заедничка изјава“ подготвена од европски претставници, потпишана од политичките лидери за продолжување на изборните реформи по изборите во октомври, пренесе Н1.
Свет
Пукање во Чикаго: Едно лице загина, неколку се ранети

Едно лице загина, а четворица се повредени во престрелка во Чикаго, соопштија денеска локалните власти.
Портпаролот на полицијата изјави дека престрелката се случила синоќа околу 22 часот и 40 минути во северниот дел на градот.
Едно лице почина, а другите четири се префрлени во локалните болници.
Нивната состојба варира, од сериозна до критична, објави Чикаго Сан Тајмс.
Полицијата не ги соопшти имињата на жртвите и нивната возраст, а засега нема информации за позадината на пукањето, како и за осомничените.