Контакт

Топ

Украинец кој паднал со параглајдер спасен на Галичица

Објавено пред

Триесет и седумгодишен Украинец кој со параглајдер паднал на планината Галичица е пронајден и спасен кај месноста Баба. Тој веднаш е пренесен на лекување во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.

Како што информираат од охридската полиција, за несреќата се дознало вчера во 14:50 часот кога во СВР Охрид вработени во Националниот парк „Галичица“ пријавиле дека кај месноста Баба паднало лице со параглајдер.

Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид веднаш се упатила на посоченото место, а била известена и планинарската служба за спасување, како и Итната медицинска помош.

,,На местото бикано Баба во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев, Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубил висина и паднал”, информираат од СВР Охрид.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде што се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.

Свет

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина се мртви

Објавено пред

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет лица, по што се самоубил.

Мажот кој имал пиштол и уште едно огнено оружје, ранил тројца, наведуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полициски и болнички извори.

,,Човекот влегол во црквата и почнал да пука во верниците”, наведува полицијата. Тие потврдуваат дека шестмина се мртви, а меѓу нив и напаѓачот, чиј идентитет не се открива.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Објавено пред

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните мрежи. Засега не е познато кој е автор на фотографијата ниту, пак, дали таа е автентична. На фотографијата со Груевски се гледа и Александар Трајковски, еден од обвинетите за случајот „Насилството во Општина Центар“, инаку советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба.

Преку вибер-порака Трајковски ни пиша дека станува збор за грешка, но одби да одговори дали фотографијата е автентична, дали бил во Будимпешта и дали се сретнал со експремиерот Груевски. Откако ни напиша дека станува збор за грешка, го исклучи мобилниот телефон.

СЈО досега нема побарано мерки за обезбедување на обвинетиот Трајковски, односно не му е одземен пасошот. Тој в понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.

Некои унгарски новинари веќе ја споделуваат фотографијата на„ Фејсбук“ и на „Твитер“. Тие за „Макфакс“ велат дека ќе се обидат да лоцираат каде престојува Груевски во Будимпешта.

Фотографијата е направена на локација во центарот на Будимпешта, каде што има безброј кафулиња, хотели и продавници за облека. Тој дел од градот е познат по тоа што таму најчесто престојуваат туристи.

Груевски избега од Македонија пред еден месец и експресно доби азил во Унгарија. МВР сè уште нема објаснето како експремиерот осуден на двегодишна казна затвор ја напуштил земјава.

Засега сè е сведено на шпекулации, од кои некои се дека Груевски престојува во хотел, а го чува обезбедување.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

Објавено пред

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина одредени претседатели на политички партии да не бидат присутни во Собранието. Сите што тој ден не беа присутни, најверојатно знаеле и најверојатно биле организатори на настанот. Не зборам само за едно име и презиме, туку за неколку претседатели кои не беа присутни тој ден”, рече пратеникот Зијадин Села на денешното сведочење за ,,крвавиот четврток”.

,,Јас чекам одговори од оваа судска постапка за настаните од 27 април. Можеби и повеќе од обвинетите тука. Судската постапка ќе даде одговор на прашањето дали некој знаел или претпоставил што ќе се случи на 27 април”, рече Села.

На седницата на 27 април на која Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието не беа присутни претседателите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина се мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски2 часа

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток2 часа

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток3 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток5 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток6 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија7 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија8 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток8 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија8 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија9 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа10 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет12 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија12 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа22 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ1 ден

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Досие