Црна хроника
Ученик нападнал соученичка на час

Ученик во основното училиште „Кочо Рацин“ нападнал соученичка на час.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил вчера на часот по ликовно кога 13-годишниот ученик физички нападнал своја врсничка, на која ѝ била укажана лекарска помош на Ургентниот центар во Скопје.
По преземените мерки, настанот е расчистен и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
689 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 689 возачи.
Од нив, 45 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.
Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
143 казнети возачи во Скопје, 56 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.