Црна хроника
Фатен 20-годишен крадец кој ограбил четири куќи и маркет во Шуто Оризари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило шест тешки кражби во Скопје.
Осомничениот 20-годишник делата ги извршил во периодот од 29 ноември минатата година до 6 јануари. Притоа, провалувајќи во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари одзел вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, цигари и алати. Еден мобилен телефон вреден 45.000 денари одзел и при џепна кражба, исто така во Шуто Оризари.
Со оглед на тоа што постојат околности дека осомничениот би можел да се крие или да се даде во бегство, а притоа се работи за лице кое и претходно е осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Приведен криумчар на мигранти, ги сокрил во бункер меѓу кабината и товарниот дел

Денеска (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија.
Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер меѓу кабината и товарниот дел, каде по детален преглед биле пронајдени мигрантите. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
(фото) Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер

На 05.09.2023 полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско.
При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Црна хроника
Приведени шест албански државјани во Тетовско

На 30.09.2023 во периодот од 10.00 до 13.30 часот на подрачјето на с.Гајре, тетовско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги привеле З.К.(44), Л.Н.(53), С.M.(43), Џ.Х.(57), М.Х.(33) и С.О.(59), сите од Република Албанија.
По извршените проверки било констатирано дека лицата непријавено престојувале на подрачјето или престојувале спротивно на наведената цел за престој. Против лицата се поднесени барања за поведување постапка, а Основниот суд Тетово им изрече соодветни санкции, а од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово донесени се решенија да ја напуштат територијата на државата со законски определена забрана за влез.