Црна хроника
Четворица приведени за убиството на војникот во Калуѓерец
Полицјата од Македонски Брод вчера ги лишиле од слобода Т.Т. (63) и А.Т. (39) од Македонски Брод, Д.Д. (21) од село Суводол и И.М.(29) од Кичево, поради сомнение за инволвираност во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.
Имено, како што претходно пријавил Т.Т., околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во село Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С. (31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од добиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Основното јавно обвинителство Кичево претходно донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Автомобил излета од патот кај Битола, возачот тешко повреден
Автомобил управуван од 68-годишен маж од Битола излета од патот Ресен-Битола.
Од МВР информираа дека несреќата се случила вчера во 17.50 часот, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Полицијата приведе осуденик додека пазарел во маркет во Битола, го барале со потерница
Прилепчанец кој се барал со централна потерница од Идризово за издржување на казна затвор во времетраење од една година и два месеца бил приведен во Битола.
Од МВР информираа дека 46-годишниот маж вчера околу 18.20 часот бил приведен во маркет на улицата Филип Втори Македонски.
Приведувањето е врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово.
Црна хроника
Жени фатени во кражба: едната крадела во бутик, другата во гардеробер
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 14.30 часот, ја лишиле од слобода С.Д.(36) од Гостивар поради сомнение дека извршила кражба во бутик во трговски центар во Гостивар.
Од неа биле одземени предметите и биле вратени на сопственикот.
С.Д. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Истиот ден во 09.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во гардероберот и на тројца вработени им одзела пари.
Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок, информираа надлежните.