Црна хроника
Шеесет и еден мигрант откриени во камион на патот Неготино – Скопје

Шеесет и еден мигрант вчера се откриени во камион со скопски регистарски ознаки на автопатот Неготино – Скопје, во близина на надвозник Виничани.
Околу 19 и 30 часот било пријавено дека од камион излегувале поголем број лица. По ова полициски службеници излегле на местото и во близина на возилото пронашле 61 мигрант, и тоа 45 од Пакистан, девет од Авганистан, од Бангладеш шест и еден од Индија.
За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија и Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.