Контакт

Црна хроника

Штипјанец со фалсификувана диплома напредувал во службата, СВР Штип поднесе кривична пријава

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи во Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против 51-годишен штипјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

„Пријавениот во текот на 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија. На 30.9.2016 година во Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип, каде што е вработен, го приложил фалсификуваното уверение за добивање решение за работа на повисоко работно место за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во одделението за платени паркинзи“, се наведува во соопштението на полицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Казнети триесетина пијани возачи во Битола

Објавено пред

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола минатиот викенд извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, безбедносен ремен, светло и алкохол на 1.424 возачи и возила.

При контролата, кај 31 возач откриено е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Исто така, 36 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 40 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност. Кај пет возила е утврдена техничка неисправност, а на 23 возила утврдено е дека се нерегистрирани. При контролата, 10 возачи биле писмено опоменати, а на 145 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 90 прекршочни налози. Изминатиот викенд биле откриени и други 78 видови останати прекршоци.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен Косовец со фалц француска дозвола

Објавено пред

Полицијата уапсила Косовец со фалц француска дозвола. Како што информира МВР, вчера, во 10:45 часот, на Граничен премин Богородица, при гранични проверки било констатирано дека француската дозвола за привремен престој на лицето В.С.(30) од Косово е фалсификувана.

Тој бил задржан и лишен од слобода, по што бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Воз удри во карпа на пругата Кичево – Скопје, повредени нема

Објавено пред

Поради одрон на пругата кај Лакавица, изутринава патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје излетал од шините. Според првичните информации, нема повредени патници. На местото на несреќата се упатила екипа која треба да го утврди оштетувањето на пругата.

Патничкиот воз удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта,  Гостиварско. Во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.

По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет2 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Македонија3 часа

Заев и Ахмети ги почнуваат разговорите за консензуален претседателски кандидат

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска во Клубот на пратениците треба да одржат средба...

Свет3 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет4 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет5 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет5 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија14 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија17 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија19 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија23 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија1 ден

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет1 ден

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Македонија2 дена

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет2 дена

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија2 дена

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Свет2 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира...

Досие