Црна хроника
Ја злоупотребила службената положба, кривична против директорка на градинка во Штип

СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н. М. (39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и попречување на правдата.
Пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле завршени, извршила исплата на економскиот оператор, со што предизвикала штета на буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лица од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово

Полицијата ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои биле пријавени дека околу 10.00 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа, меѓусебно физички се пресметувале.
Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
По целосно документирање на случајот против инволвираните, кои се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.
Црна хроника
Кривична за маж што со автоматска пушка пукал на свадба

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Д.(24) од селото Долно Јаболчиште, општина Чашка, поради предизвикување општа опасност.
„На 11 септември на свадбена веселба село Горно Јаболчиште, пријавениот од автоматска пушка испукал повеќе куршуми, за што била пуштена снимка на социјалната мрежа Фејсбук“, велат од МВР.
Топ
Малолетничко насилство во училиштен двор: натепани двајца тинејџери

Двајца малолетници биле физички нападнати во двор на средно училиште во скопската населба Карпош.
Како што информираа од МВР, утрово во станица биле повикани А.З.(18) и уште тројца малолетници, сите од Сингелиќ, скопско, кои се осомниечни за нападот.
Со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.