Црна хроника
Автомобил излета од патот Кавадарци – Росоман, повредени се две млади лица
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа ноќеска на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај место викано Северова Падина, кога патничко возило „мерцедес“, со кавадаречки регистарски ознаки, излетало од патот.
Во несреќата Т.М.(22) се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот В.Ш. (20) со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Ѓорче Петров
Триесет и четиригодишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(28) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку соученици во Скопско
Малолетно момче вчера на пладне било нападнато од неколку соученици во Булачани, Скопско.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка
Вчера во скопската населба Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет, oбјави МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.