Црна хроника
Автомобил удри во 99-годишна старица кај „Континентал“
Жител на Сопиште со автомобил удрил во 99-годишна жена која се движела пеш кај кружниот тек на хотелот „Континентал“. Според информациите на МВР, старицата е задржана на лекување во болница.
Вчера во 9 часот на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје, Т.А. (29) од село Сопиште, Скопско, со автомобил „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, удрил во А.Т. (99) од Скопје. Од ударот А.Т. добила тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.