Црна хроника
Албанец јавал коњ за време на полициски час во Велебрдо
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против државјанин на Албанија поради сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинетиот 25-годишник, на 16 мај, во 4.15 часот, за време на полицискиот час, бил затекнат како се движи со коњ во селото Велебрдо, од каде што се упатил кон местото наречено Долно Маало, пред џамијата. Притоа бил забележан од полициски службеници од ПО Ростуше.
Освен ова, гостиварското Обвинителство денеска за истото кривично дело поднесе предлози за издавање казнени налози против уште 16 лица. Сите биле затекнати како се движат на разни локации за време на полицискиот час, со што ја прекршиле одлуката за забрана и посебен режим за движење на целата територија на државата. За нив Обвинителството предложи парични казни од 100 дневни глоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.