Црна хроника
Американец натепал тројца полицајци во станицата во Кисела Вода
Скопското Основно јавно обвинителство поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Како што информираат од МВР, утринава, странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир.
Додека влегувал во ходникот на станицата, почнал агресивно да се однесува и да удира со рацете и нозете по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со агресијата, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со тупаница во лицето нанесувајќи му телесни повреди.
Во тој момент уште двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив почнал да ги удира со тупаници нанесувајќи им повреди.
По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.
Бидејќи во конкретниот случај не постои друга можност за обезбедување на присуството на насилникот во текот на постапката, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.