Црна хроника
Арачиновец со „голф“ сакал да прегази двајца полицајци
Арачиновец којшто се бара со потерница за издржување затворска казна со „голф“ се обидел да прегази двајца полицајци, нанесувајќи им повреди. Инцидентот, според полицијата, се случил вчера попладне околу 17 часот на улицата 1 во село Арачиново.
Полицајците го запреле „голфот“ во кој се превезувале О.М. (33) и Г.М. (20), кои се бараат со потерница за издржување затворска казна. „Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото наназад и го удрил полицискиот службеник“, соопшти полицијата.
Потоа полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на „голфот“ не застанал, туку удрил во друг полициски службеник, по што избегал од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на О.М. и Г.М.. На двајцата полициски службеници им е укажана помош во Градската општа болница „Наум Охридски“ и се пуштени на домашно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.