Црна хроника
Барал 1.500 евра од девојка за да не објави нејзини фотографии на интернет
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за уцена. Како што се наведува, осомничениот уценувал женско лице дека ако не му даде пари, ќе објави нејзини фотографии на интернет.
„Осомничениот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација ‘Вибер’ побарал од оштетената да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видеоклипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе-бар на плоштадот Македонија, каде што таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите, осомничениот бил приведен“, се наведува во извештајот.
Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.