Црна хроника
Бајач измамил скопјанка – ѝ побарал накит за да го закопа во двор, па си го зел со себе
Измамник украл накит од скопјанка.
Според информациите на полицијата, 68-годишна жена од Карпош пријавила дека во нејзиниот дом дошол М.Ш., кој ја довел во заблуда претставувајќи се како бајач.
Таа му дала златен накит кој наводно го закопал во нејзиниот двор.
„Откако жената се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.