Црна хроника
Бебе починало во сон
Новороденче починало на спиење во село Истибања, виничко, соопшти МВР.
Според истиот извор, во куќа во с.Истибања, сопственост на К.П, во која како потстанари живееле С.Ц. и Ц.Ј. починало нивното бебе – новороденче родено на 13.01.2017 година. Екипа од ИМП од ЈЗУ- Здраствен дом – Виница излегле на местото на настанот и од извршениот лекарски преглед констатирана била смрт без траги на насилство. Од страна на увидна екипа од НК КР-Виница бил извршен увид, при што било констатирано дека во утринските часови на 18.01.2017 година од страна на таткото на починатото бебе, било забележано дека бебето не дава знаци на живот и било помодрено по телото.
По наредба на ЈО над телото на бебето ќе се врши обдукција во институтот на судска медицина. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата се повредени
Синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.