Црна хроника
Битолското обвинителство ја истражува причината за смртта на бездомното лице
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи извршија во средатавид во руинирана куќа во Битола каде е најдено починато машко лице, а случајот беше пријавен од друг бездомник, кој заедно со сега починатиот престојувал во напуштената и распадната куќа на улицата „4-ти Ноември“ во Битола, каде се засолнувале подолго време двјацата бездомници.
При увидот на лице место, преземени се потребните дејствија во насока на расветлување на настанот и утврдување на причините за настапување на смртта. Kај лицето кое е идентификувано како 49-годишниот Сашо Дохан, се најдени видливи траги на насилство.
По наредба на јавниот обвинител, извршен е стручен лекарски преглед и на пријавителот, кој поради телесни повреди е хоспитализиран. Обвинителството издаде наредби за вештачење на траги од лице место, ДНА анализа, како и наредба за вршење обдукција на починатото лице.
Бездомникот во средата утрото беше најден мртов, а другиот со смрзнатини и повреди по телото е хоиспитализран во битолската болница. Кои се причините за смртта на и за повредите на 53-годишниот Пеце Андреевски засега не е познато, а се уште трае увидот на полицијата и јавниот обвинител,
Утрото околу 5 часот Андреевски затропал на врататата кај соседот, се пожалил дека е повреден и побарал помош. Веднаш била повикана полицијата и итната медицинска помош. Андреевски бил префелен на одделението за хирургија во битолската болница, од каде велат дека има повреди и смрзнатини но е во стабилна состојба. Дохан пак бил пронајден во куќата каде што престојувале во лежечка положба, со рани по телото и рацете и веќе бил мртов. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за неговата смрт./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.