Црна хроника
Битолчанец се претставил како добронамерник, кога го поканиле во домот, украл пари и го нападал домаќинот
Битолското Основно јавно обвинителство ќе поведе истражна постапка против 22-годишен битолчанец за кого постои сомнение дека извршил кривично дело разбојничка кражба.
Осомничениот на 20 јули годинава, околу 13.30 часот во Битола, на улица пресретнал жена со тешка здравствена состојба, па ја испратил до нејзиниот дом.
Кога нејзиниот сопруг го поканил осомничениот да влезе во домот да го почести кафе за услугата, младиот разбојник забележал паричник под перницата на креветот и го одзел.
Домаќинот го забележал осомничениот во кражбата и побарал да му го врати паричникот, во кој имало 12.000 денари и лични документи. Во тој момент осомничениот со рака го удрил оштетениот во пределот на главата, го соборил на подот и продолжил да го удира уште неколкупати, со што му нанел повреди.
По предлог на надлежниот обвинител, Основниот суд во Битола на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.