Црна хроника
Бомби и муниција пронајдени во штала во Дебарско
Дебарската полиција поднесе кривична пријава против двајца дебрани во чија штала биле пронајдени оружје и муниција.
Како што информираат од МВР, на 21 јуни годинава полициски службеници извршиле претрес во штала во селото Шулан, при што пронашле и одзеле три рачни бомби со две запалки, рамки за автоматска пушка, куршуми калибар 7,62 милиметри и други предмети.
Двајцата приведени се товарат за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи“.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.