Црна хроника
Браќа од Сингелиќ во гаража чувале поголеми количини хероин и кокаин, едниот од нив е во бегство
Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 27-годишник од селото Сингелиќ, кој се товари дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Обвинетиот заедно со својот брат, кој во моментот е недостапен за полицијата, во гаражата во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6.451,27 грама хероин, како и 915 грама кокаин.
Дрогата била спакувана во разни пакувања и полиетиленски кеси.
При полицискиот претрес, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество, и тоа вкупно 235 куршуми во разновиден калибар, еден пиштол HS со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер „магнум 357“ со рамка со шест куршуми.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определениот притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.