Црна хроника
Бугарски државјанин осомничен за измама со кредитни картички
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против 37-годишниот К.З.З., државјанин на Бугарија, поради постоење на основи на сомнение дека е сторител на кривично дело – “изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Имено, пријавениот со намера да прибави противправна имотна корист, во текот на овој месец, прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни картички, со кои извршил повеќе успешни нелегални трансакции на продажно место хотел правно лице од Скопје, во вкупен износ од 384.064 денари.
Истиот со картичка на „Американ експрес“ направил трансакција со рачен внес на број на картичката, без физичко присуство на картичката, односно резервацијата е направена преку претходна коресподенција преку електронска пошта за 30 дневен престој за две лица. Пријавениот дошол на 7-ми јануари а на 12-ти јануари сакал да се одјави при што побарал остатокот од парите да му бидат исплатени во кеш.
По ова од страна на банка во Скопје е проверена оваа транскација при што тие добиле потврда од банката издавач на платежната картичка дека станува збор за „Fraud“, односно за нелегална трансакција.
Во врска со ова по претходно добиена пријава од страна на истата банка, на 12-ти јануари.е излезено на терен и од хотелот е приведен пријавениот К.З.З. и однесен во полициската станица во Центар кој во разговорот со полициските службеници кажа дека престојот во хотелот му е платен од страна на фирмата за која работел од Австралија, како награда.
Во однос на плаќањето не знаел ништо, и немал никаква поврзаност со фалсификувани платежни картички. За време на престојот во Скопје, бил во центарот на градот, во трговски центар како и на Аеродром „Александар Велики“ за да си резервира авиобилет за Дубаи за 13-ти јануари година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.