Црна хроника
Велешанец осомничен за компјутерска измама
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе поднесе кривична пријава против 35-годишен велешанец под сомнение за сторена кривично дело компјутерска измама.
Како што информираат од МВР, денеска полицијата извршила претреси на два објекта во кои престојувал велешанецот, од кои еден на улица 23 Октомври во Скопје и друг на улица Орце Мартинов во Велес.
При претересите пронајдени биле предмети што потекнуваат и се поврзани со кривичното дело и тоа два GSM gateway-уреда, еден уред за поврзување на опремата, еден simbox-уред, 38 СИМ-картички и еден мобилен телефон од кој е вршена активација на картичките.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема дополнителни активности со цел да се утврди дали пронајдената опрема и СИМ-картички биле користени и за други нелегални активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.