Црна хроника
Велешанец осомничен за неовластено производство и пуштање во промет дрога
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет дрога.
Осомничениот 59-годишен велешанец пред влезот и во внатрешноста на куќата во која живее, неовластено, заради продажба, држел 29,2 грама амфетамин, 4,52 грама кокаин и 89,37 грама прашеста материја кофеин, која служи за зголемување на масата на наркотичната дрога. Дрогата била пронајдена при претрес на домот на осомничениот во текот на вчерашниот ден. Притоа, освен наркотичната дрога, биле пронајдени и дигитална вага и парични средства во износ од 500 американски долари и 415 евра.
Со оглед на тоа што постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднесе и предлог за определување притвор за осомничениот. Ваквиот предлог беше прифатен и на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.