Црна хроника
(Видео) Во Струга приведен дилер од Албанија, запленети над 15 килограми марихуана
Полицијата во Струга уапси дилер од Албанија и заплени повеќе од 15 килограми марихуана.
МВР соопшти дека вчера околу 20.30 часот полициски службеници, на подрачје на Струга, на околу два километри од ГП Ќафасан, пресекле канал за недозволена трговија со марихуана од Албанија во Северна Македонија и заплениле 16 пакувања со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, а го привеле Е.Х. (20) од Албанија.
Против него ќе биде поденесна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.