Топ
(Видео) Пронајдени дрога и оружје во бункери во Сингелиќ
Поголема количина хероин и кокаин и два пиштола се откриени во полициска акција во Сингелиќ, Скопје. Дрогата била скриена во бункери, а приведено е едно лице.
Според информациите на МВР, вчера полицијата извршила претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Сингелиќ, Скопје, за кој имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата.
При претресот во специјално направени бункери се пронајдени околу четири и пол килограми хероин, спакувани во повеќе пакувања со разна големина и околу еден килограм кокаин, исто така распределен во повеќе пакувања, наменети за продажба.
При претресот се пронајдени и два пиштола со речиси 200 куршуми. Е. М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Министерството за внатрешни работи најави дека ќе продолжи со континуирани активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список
Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и демократска атмосфера, но нагласуваат дека сепак се случиле некои помали проблеми на изборните места.
Како што информираше Моника Маневска, портпаролот на Ванковска, забележани се помали проблеми со фингерпринтот на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и др.
Истакна дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици заради проблемите со фингерпринт, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење.
Исто така беше кажано дека и на овие избори се појавуваат нерегуларности во избирачкиот список па така во некои изборни места има запишано почонати гласачи, а некои гласачи кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса ги нема во изборниот список.
Македонија
„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови
Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски.
„Нека победи подобриот. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам, а граѓаните масовно излегуваат“, рече Таравари по гласањето.
Прашан за нерегуларности, Таравари изјави: „Ние сме навикнати на тие одредени притисоци, купување гласови, за кои постојат видео снимки. Но тоа ќе го објави штабот. Известени се релевантните институции и меѓународните претставништва“, рече Таравари.
Македонија
Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам
Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош.
-Еве ме на 60 годишнината на моето основно училиште „Јан Амос Коменски“, каде прв пат зачекорив во школските клупи. Денес зачекорив да го дадам гласот за себе, се разбира. Ова е малку необична ситуација затоа што ние на Универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа ова е друг тип на битка, ова е политичка битка, во која всушност со чинот на гласање ја изразувам сопстевната убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број на граѓани ќе го направат тој чекор, да дојдат до гласачките места.Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер. Па, ќе видиме како граѓаните ќе проценат. Овде учителките ме процениле одамна, рече Ванковска во изјава за медиумите.
Посака убав сончев ден, како што почна да заврши мирно, коректно, без нерегуларности.